Правна забелешка
Секој пристап и употреба на веб-сајтот на Daikin Europe N.V. е предмет на следните одредби и услови (заедно наречени ‘Правна забелешка’). Ако пристапите и го користите веб-сајтот на Daikin прифаќате верзија на Правната забелешка којашто стапува на сила во времето кога пристапувате. Daikin го задржува правото да ја модифицира Правната забелешка од време на време по сопствена дискреција и без претходно известување. Продолженото користење на овој веб-сајт значи прифаќање на изменетата Правна забелешка. Ваша одговорност е да се информирате за Правната забелешка што е на сила во времето кога пристапувате или го користите овој веб-сајт. Ако ги прекршите одредбите и условите на Правната забелешка, овластувањето да го користите веб-сајтот се прекинува автоматски.
Авторски права
Содржината и изгледот на овој веб-сајт се во сопственост и под лиценца на Daikin и се заштитени со закон за авторско право и други закони за права на интелектуална сопственост. Секоја неовластена употреба на содржината може да ги прекрши таквите закони. Сите права, што не се наведени овде, се заштитени. Се забранува репродукција, пренос, дистрибуција или меморирање на дел или целиот веб-сајт на секаков начин без претходна писмена дозвола од Daikin. Може да аплицирате за дозвола преку овој формулар.
Со исклучок на страниците на кои е напишано ‘печатете ја оваа страница’ може да отпечатите само една копија на содржината само за некомерцијална употреба, под услов секоја копија од овие документи што ќе ја направите ги задржува сите авторски права или сите забелешки за сопственост и секое отфрлање на одговорност што се содржи во нив.
Трговско име / Трговски марки
Сите трговски имиња, трговски марки, логоа и слики што се прикажани на веб-сајтот и што се во сопственост на Daikin сега и во иднина се/ќе бидат сопственост или под лиценца на Daikin или нејзините ќерки фирми. Вашиот пристап до овој веб-сајт нема да се толкува како да се одобрува, имплицитно или на друг начин, лиценца или право да ги користите трговските имиња, трговските марки, логоа и слики што се појавуваат на овој веб-сајт бес претходна писмена согласност од Daikin. Може да аплицирате за согласност преку овој формулар.
Употреба на линковите
Овој веб-сајт содржи линкови од веб-сајтови на трети лица врз кои Daikin нема никаква контрола. Daikin не претставува ниеден веб-сајт до кој може да пристапите преку овој веб-сајт.
Кога пристапувате до веб-сајтови од трети лица преку овој веб-сајт, тоа го правите на Ваш сопствен ризик. Daikin не одговара на точноста, навременоста, достојноста, адекватноста, доследноста или целосноста на секои информации, податоци, мислења, совети, или тврдења направени на овие веб-сајтови или за квалитетот на сите производи и услуги достапни на таквите веб-сајтови.
Daikin ги овозможува овие линкови само за ваше олеснување и за информативни цели. Опфаќањето на таквите линкови не значи дека Daikin презема или прифаќа некаква одговорност за содржината или употребата на таквите веб-сајтови. Daikin Ве советува прво да ги прочитате одердбите и условите на тие веб-сајтови.
Поставување линкови до веб-сајтот на Daikin
Може да поставувате линк до веб-сајтот на Daikin под услов јасно да е наведено (на линкот) дека посетителите на Вашиот веб-сајт ќе отидат на веб-сајтот на Daikin. Линкот не смее да биде лажен и не смее да резултира со информација дека веб-сајтот на Daikin е дел од друг веб-сајт. На пример, врамување или поставување хотлинк на веб-сајтот на Daikin не е дозволено без претходна писмена дозвола од Daikin.
Може да аплицирате за дозвола преку овој формулар.
Не смее да се појавуваат линкови на Вашиот веб-сајт или во контекст што се состои од содржина или материјали што може да се толкуваат како непристојни или криминални или што ги нарушуваат или претставуваат нарушување на правата на било кои трети лица.
Писмена гаранција и отфрлање одговорност за употребата на веб-сајтот
Daikin не гарантира дека пристапот до веб-сајтот и содржината во него ќе бидат непрекинати и без грешка. Овој веб-сајт и неговата содржина се овозможени „такви какви што се“, без да се направи било каква гаранција, изречна или имплицитна, заедно со, но не и само гаранции за правата или нивно непрекршување или имплицитни гаранции за можноста за продажба или погодноста за одредена причина, во врска со достапноста, точноста, безбедноста, достојноста или содржината на веб-сајтот.
Веб-сајтот може да содржи технички или други грешки, неисправности или печатни грешки. Daikin може, без претходно известување, да ги менува содржината, изгледот и услугите на овој веб-сајт, заедно со цените и описот на производите што се наведени овде, во секое време. Содржината на услугите на овој веб-сајт може да е застарена, а Daikin нема обврска да ја ажурира истата.
Ниту Daikin, ниту никој од подизведувачите, што се дел од создавањето, производството или испораката на содржините на овој веб-сајт, нема да сносат одговорност за директни, индиректни, инцидентни, специјални, последични казнени штети, загубен профит или загоби поради прекин на бизнисот, што произлегуваат поради употребата или немањето можност да се употребува овој веб-сајт, дури и ако Daikin е известен за можноста на таквите штети.
Daikin не сноси и нема да прифати одговорност за штети или вируси што ја заразиле Вашата компјутерска опрема или друг имот што произлегле од употребата или пристапот до овој веб-сајт. Некои надлежности не дозволуваат исклучување на некои гаранции или ограничување на одговорност, па затоа горенаведените ограничувања или исклучоци може да не важат за Вас. Одговорноста на Daikin во таков случај ќе се ограничи онолку колку што дозволува законот.
Ако не сте задоволни со некој дел од овој веб-сајт, го имате целото право да престанете да го користите овој веб-сајт.
Електронско поднесување податоци
Со поднесување податоци (во кои спаѓаат пораки, документи и датотеки) до Daikin по пат на електронска пошта или преку формулари што се достапни на веб-сајтот, Вие се согласувате дека:
- Материјалот нема да содржи предмет што е незаконски или непријатен за објавување;
- Ќе користите разумни напори да ги скенирате и отстраните сите вируси или други преносливи или штетни програми пред да поднесете било каков материјал.
- Понатаму не треба да изведувате дејства што претставуваат неразумно и огромно оптоварувањена инфраструктурата на овој веб-сајт.
Се согласувате да го обесштетите, да го ослободите од одговорност и, по наш избор, да го браните Daikin и неговите службеници, директори, вработени, засегнати страни, агенти и претставници од сите тужби од трети лица, одговорности, оштетувања и или трошоци што настануваат поради Вашата несоодветна употребата на овој веб-сајт, Вашето прекршување на Правната забелешка или Вашето нарушување или нарушувањето или употребата, од страна на друг корисник на Вашата сметка, на правата на интелектуална сопственост или други права на било кое лице или ентитет.
Заштита на податоците и колачиња
Сите лични податоци што Daikin ги презема од Вас кога го користите овој веб-сајт ќе се обработат во согласност со Политиката за приватност на податоци и Известување за колаче. Потврдувате дека при употреба на овој веб-сајт, се согласувате Вашите лични податоци да се користат и обработат во согласност со Политиката за приватност на податоци и со Известување за колаче.
Важечки закони и надлежност
Daikin го работи и контролира овој веб-сајт од локации во Белгија. Како таква, информациите што се содржат во овој веб-сајт се сметаат за доставени во Белгија и подлежат на законите во Белгија, без влијание на никакви принципи на правни конфликти. Колку што дозволува важечкиот закон, подлежите на ексклузивна надлежност на судовите во Брисел.
Разни одредби
Ако некоја одредба од оваа Правна забелешка стане или се прогласи незаконска, неважечка или поради некоја причина, неспроведлива, таквата одредна ќе се смета за одделена од оваа Правна забелешка и нема да влијае на важноста и спроведливоста на останатите одредби. Оваа Правна забелешка е целиот договор помеѓу Вас и Daikin во врска со предметот што е овде наведен.
Овој веб-сајте го работи Daikin Europe N.V., компанија инкорпорирана во Белгија, со регистрирана канцеларија во 8400 Oostende (Belgium), Zandvoordestraat 300, регистрирана со RPR на Остенд под број на компанија 412.120.336.
Верзија 1.3 мај, 2013 година